Претставници на Македонски Каритас задолжени за заштита на корисниците, особено на децата и ранливите лица, учествуваат на Регионалната Работилница за развој на процедурите за водење на истраги, која од 5. до 7. септември, се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина. Работилницата е организирана од CRS, а на неа учествуваат Каритас организации и други невладини организации од регионот, кои ја имаат усвоено и ја применуваат политиката за заштита на корисници во својата секојдневна работа со лицата во потреба.