Blog

Средба со Заменик шефот на мисијата при амбасадата на Република Австрија г-ѓа Барбара Грубер 15 Ное

Средба со Заменик шефот на мисијата при амбасадата на Република Австрија г-ѓа Барбара Грубер

На 15 ноември 2023 година, координаторот на Македонски Каритас Спасе Спасов и регионалниот координатор на Каритас Австрија Тобиас Ноелке, кој се наоѓа во работна посета на Македонски Каритас, остварија средба со Заменик шефот на Мисијата при Амбасадата на Република Австрија во Македонија, г-ѓа Барбара Грубер.

За време на средбата стана збор за мисијата и активностите на Македонски Каритас, при што беше нагласена и одличната соработка помеѓу двете Каритас организации во изминатите години. Меѓу другото беа претставени и новите проекти  YourJob II и Take Care II, кои Каритас започна да ги имлементира.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.