Blog

Бискупот Стојанов во посета на центарот Мајка Тереза во Гевгелија 11 Јан

Бискупот Стојанов во посета на центарот Мајка Тереза во Гевгелија

Во првите работни денови од новата 2024 година, Центарот на Македонски Каритас света Мајка Тереза во Гевгелија за лица со попречености, го посети Н.В.П. д-р Киро Стојанов заедно со Великиот Приор г-от Антон Кајтази, кој во името на Витези Темплари на Великиот Приорат на Македонија даруваше Божиќно пакетче за сите во центарот. Гостите беа пречекани од страна на директорот на Македонски Каритас отец Зоран И. Стојанов и персоналот на Центарот и запознаени со работата и приемот на деца кои имаат потреба од помош во овој специјализиран центар.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.