Blog

Бискупот Стојанов ги благослови просториите на Македонски Каритас 01 Фев

Бискупот Стојанов ги благослови просториите на Македонски Каритас

На 1 февруари 2024 година Н.В.П. монс. Д-р Киро Стојанов, Претседател на Македонски Каритас ги благослови просториите на националната канцеларија на Македонски Каритас во Скопје. Обредот започна во капелата на Каритас, по што следеше благослов на просториите и на персоналот.

На крајот бискупот Стојанов се задржа во разговор со персоналот, информирајќи се за тековните активности на ова социо-пасторално тело на Црквата, а воедно и ги охрабри да продолжат да работат во духот на љубовта кон ближните во потреба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.