На 23 февруари 2024 година, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и струмичко – скопски епарх, а воедно и претседател на Македонски Каритас, во капелата на Каритас во Скопје, ја предводеше Молитвата за мир во Украина, на која што освен персоналот учество зедоа свештеници и чесни сестри Евхаристинки.
Бискупот Стојанов ја потенцираше силата на молитвата, како би можел Господ да го обдари светот со мир.