На 12 март 2024 година, децата од Едукативниот Центар – Сарај во рамките на редовните годишни едукативни посети имаа можност да се запознаат со начинот на работа на Радио Марија Македонија и да ја посетат црквата Свети Иван Крстител, Струмица.
Тимот на Македонски Каритас од Сарај изразува искрена благодарност до тимот на Радио Марија на чело со нивниот директор и парох на парохијата Свети Иван Крстител, отец Гоце Костов, за срдечниот прием.
Активностите се во рамките на проект подржан од Renovabis и CRS (Catholic Relief Services).