Blog

Работна средба со Академија Fashion Струмица 22 Мар

Работна средба со Академија Fashion Струмица

На 22 март 2024 година, кариерните советници Верица Ангеловска и Александар Младеновски остварија средба со Горан Мицев и Данче Мицева сопственици на Центарот за едукација Академија Fashion во Струмица, на која ги информираа за проектот на Македонски Каритас за млади YourJob II и можностите кои ги нуди на младите, а беше истакната обостраната подготвеност за идна соработка со цел младите да стекнат нови знаења и практични вештини.

Центарот за едукација Академија Fashion  е верифицирана и лиценцирана институција за образование на возрасни, од Министерството за образование и наука на Македонија, со единствени програми за: козметичар, фризер, масер, педикир-маникир, декорација на нокти и друго. Водени од желбата за стекнување вештини на младите и напорот за задржување на младата работна сила во државата, сопствениците Горан Мицев и Данче Мицева се мотивирани и од срце го пренесуваат своето знаење на младите.

Активностите се во рамките на проектот YourJob II, подржан од Реновабис и Каритас Австрија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.