Blog

Одржана работилница на тема: „Права од областа на социјалната заштита на лица со попреченост и правна поддршка при остварување на истите“ 12 Апр

Одржана работилница на тема: „Права од областа на социјалната заштита на лица со попреченост и правна поддршка при остварување на истите“

На 9 април 2024 година, Македонски Каритас во соработка со Мобилност Скопје, во просториите на Даре Џамбаз, организираше работилница на тема: „Права од областа на социјалната заштита на лица со попреченост и правна поддршка при остварување на истите“.

Оваа работилница е дел од проектот „Помош за сиромашните со хронични болести” ,кој го реализира Македонски Каритас, а истиот е поддржан од Хрватски Каритас.

Пред самиот почеток на работилница, воведен збор имаше директорот на Македонски Каритас, отец д-р Зоран И. Стојанов, кој ги поздрави присутните и го претстави проектот. Поздравни говори и благодарност за организацијата на оваа работилница имаа и претставниците на Мобилност Скопје.

Предавачи на работилница беа Александар Митаноски, социјален работник на проектот и претставник на Македонски Каритас и Маја Атанасова, претставник на здружението Млади правници. Работилницата опфаќаше повеќе точки, меѓу кои: Запознавање со правата за гарантирана минимална помош, надоместок заради попреченост, надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок на плата за скратено работно време, други социјални додатоци (домување, траен надоместок), детски додаток и социјална пензија. На присутните им беа објаснети и правните рамки за остварување на истите како и надминувањето на евентуални пречки.

Вториот дел од работилницата опфаќаше дискусија по овие прашања и споделувања лични искуства околу остварувањето на загарантирани права.

Модератор на работилницата беше Филип Стојанов, координатор на проектот.

Плодната дисусија заврши со пригодно дружење и освежување.

     

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.