Blog

Одржана инфо сесија во Радово 12 Апр

Одржана инфо сесија во Радово

Во рамките на проектот YourJob II членовите на тимот од Македонски Каритас, на 11 април 2024 година организираа инфо сесија во Радово. На оваа информативна средба, учесниците имаа можност да се запознаат со целите на проектот, претстојните активности, целните групи, како и очекуваните резултати со цел да се создадат можности за поголемо вработување на младите во Македонија.

Проектот на Македонски Каритас за млади, насловен YourJob II е од регионален карактер и се спроведува во Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора. Проектот е подржан од Реновабис и Каритас Австрија.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.