Директорот на Македонски Каритас отец Зоран И. Стојанов на 18 април 2024 година, беше примен од м-р Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.
Средбата која се оствари на барање на директорот на Македонски Каритас помина во пријателска атмосфера. Беше искажано обострано задоволство за досегашната добра соработка со надеж и желби во иднина да се продлабочува. Отец Зоран искажа благодарност до господинот Сотировски за неговата постојаност за еднакво третирање на сите верски заедници.