На 20 мај 2024 година, директорот на Македонски Каритас отец Зоран И. Стојанов, во придружба на координаторот Спасе Спасов, оствари средба со претседателот на ЦСИ НОВУС – Струмица, г-дин Ѓорги Милушев со соработниците.
За време на средбата стана збор за активностите кои двете организации ги имплементираат, а воедно се разгледаа и можностите за идна соработка, при што од страна на соговорниците беше истакната спремноста истата и да се реализира, особено за луѓето во потреба, како и во интерес на самата заедница.