На 12 јуни 2024 година, локалниот координатор на Едукативниот Центар на Македонски Каритас во с. Сарај (општина Босилово) о. Ванчо Назов, оствари средба со г-дин Стево Божинов, директор на ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово, како и со г-дин Горан Гогов, психолог во истото училиште. Во срдечна и пријатна атмосфера, беа споделени и разменети искуства поврзани со образованието и едукацијата на учениците кои го посетуваат Едукативниот центар на Македонски Каритас во с. Сарај.
Исто така, на средбата со директорот на училиштето и со психологот стана збор за досегашната конкретна успешна соработка меѓу училиштето и центарот во спроведувањето на едукативниот проект кој го реализира Македонски Каритас во с. Сарај (општина Босилово). На крајот од средбата беше истакната желбата за зацврстување и продлабочување на веќе постоечката успешна соработка, која е од суштинско значење за добробитта на оние кои се во потреба, а тоа се децата од Сарај заедно со нивните семејства.