Од 11 до 14 јуни 2024 година, група на претставници од Каритас Ерфурт и Диаконија Ерфурт, од Германија, го посетија Македонски Каритас.
За време на работната посетата, најпрво групата имаше средба со директорот о. Зоран И. Стојанов во просториите на националната канцеларија во Скопје и притоа беа претставени тековните проектни активности на Македонски Каритас.
Воедно беа реализирани повеќе теренски посети и активности од информативен карактер, со цел споделување и подетално запознавање со подрачјата на делување и работата на Македонски Каритас.
Реализирана беше посета на Едукативниот центар на Македонски Каритас во Шуто Оризари, како и теренска посета на семејства во Шуто Оризари.
Потоа, беше реализирана посета на Центарот Мајка Тереза – Гевгелија при што беа претставени проектните активности, пристапите и начинот на работа со децата со попреченост кои го посетуваат центарот, а воедно имаше и неформално дружење со корисниците. Понатаму беше остварена средба со директорот на Радио Марија Македонија, о. Гоце Костов во Струмица.
Гостите од Германија имаа можност да ја посетат проектната канцеларија на YourJob II на Македонски Каритас, проект кој се реализира во Југо-источниот дел од Македонија, со цел полесно вработување и активирање на младите лица од овој регион на пазарот на труд.
Исто така, претставен и посетен беше Едукативнот центар на Македонски Каритас во населено место Сарај, општина Босилово – каде посетителите имаа можност да се запознаат со активностите на центарот, со децата кои го посетуваат и тимот кој го имплементира проектот.
Работната посета претставуваше и можност за споделување на идни проектни идеи, предлози и иницијативи за соработка помеѓу Македонски Каритас и германската Каритас организација.