Кон главната содржина

Blog

Работилница за Организациски развој во организација на Каритас Европа 19 Јун

Работилница за Организациски развој во организација на Каритас Европа

Од 10 до 12 јуни 2024 година во Мадрид – Шпанија, во организација на Каритас Европа, се одржа работилница за Организациски развој, базирана на Менаџмент стандардите на Каритас Интернационалис, со посебен фокус на човечките ресурси и менаџирањето на ризиците. На средбата, освен претставниците на Каритас Европа и ЦРС присуствуваа претставници од 23 национални Каритас организации од Европа.

Македонски Каритас беше претставен од страна на координаторот Спасе Спасов, кој воедно имаше и можност да ги сподели постигнатите резултати и искуствата на Македонски Каритас, во делот на организацискиот развој, на оваа хуманитарна институција на Католичката црква во Македонија.