Blog

Директорот на Македонски Каритас оствари средба со градоначалникот на општина Босилово 19 Јун

Директорот на Македонски Каритас оствари средба со градоначалникот на општина Босилово

На 18 јуни 2024 година, директорот на Македонски Каритас отец д-р Зоран И. Стојанов, во просториите на општина Босилово во пријатна и срдечна атмосфера оствари средба со градоначалникот Ристо Манчев, на кого му ја претстави работата на проектот YourJob, со кој е опфатена и општина Босилово.

Од страна на општина Босилово беше искажана поддршка и интерес за можностите кои ги нуди проектот, во кој фокусот е на младите од 15 до 35 години.

Директорот на Македонски Каритас отец д-р Зоран И. Стојанов, беше придружуван од координаторот Спасе Спасов и кариерните советници Верица Ангеловска и Александар Младеновски, а на состанокот од општина Босилово покрај градоначалникот Ристо Манчев присуствуваше и Васил Крмзов, советник за млади во општината.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.