Blog

Директорот на Каритас Босна и Херцеговина во работна посета на Македонски Каритас 28 Јун

Директорот на Каритас Босна и Херцеговина во работна посета на Македонски Каритас

Од 27 до 28 јуни 2024 година, директорот на Каритас Босна и Херцеговина, монс. Томо Кнежевиќ, на покана на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, претседател и о. Зоран И. Стојанов, директор, престојуваше во работна посета на Македонски Каритас.

За персоналот и соработниците на Македонски Каритас, монс. Кнежевиќ одржа предавање на тема:  Местото и значењето на Каритас за месната црква и конкретната општествена средина. Очекуваниот придонес на верниците лаици и сите вработени. Предавањето се одржа во Центар Мајка Тереза – Гевгелија. Пред самиот почеток, топло добредојде искажа директорот на Македонски Каритас, о. Зоран И. Стојанов, а воедно и се заблагодари за посетата на монс. Кнежевиќ.

На 28 јуни 2024 година, монс. Кнежевиќ ја посети главната канцеларија на Македонски Каритас во Скопје, при што беше примен од страна на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, претседател на Македонски Каритас и од директорот о. Зоран И. Стојанов. За време на срдечната средба стана збор за досегашната соработка помеѓу овие две сестрински Каритас организации, како за предизвиците со кои се соочуваат во поново време, а се разговараше и за можностите. Од страна на соговорниците беше нагласена спремноста за продолжување и продлабочување на соработката.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.