На 16 јули 2024 година, директорот на Македонски Каритас, о. Зоран И. Стојанов, оствари средба со г-дин Стојан Дончевски, директор на Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење „Јоска Свештарот“ Струмица. На средбата беше разговарано за активностите на Македонски Каритас во рамките на проектот YourJob за млади луѓе, а воедно и за идна соработка помеѓу овие две институции. За таа цел беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Македонски Каритас и Јоска Свештарот.