Blog

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ (Советник За проектот АМИФ „Подготвени и успешни за Германија“)

 

Советник
За проектот АМИФ
„Подготвени и успешни за Германија“

Социјален работник/педагог или слични квалификации
Опсег на ангажман 100% (по потреба може и со скратено работно време)

Бараме соработник (советник) за проектот „Подготвени и успешни за Германија“.

Проектот се реализира преку Фондот за азил, миграција и интеграција (AMIF) на Европската Унија и Сојузна Република Германија. Ангажманот е 40 часа неделно.

Носител на проектот е Диакониа Баден, Виртемберг и Диакониа Германија во соработка со другите регионални асоцијации на Диакониа. Diakonie, Caritas, Arbeiterwohlfahrt, Deutsche Rote Kreuz и Paritätische Wohlfahrtsverband се социјални здруженија во Германија. Тие имаат различни установи за помош и советодавни услуги, вклучувајќи совети за мигрантите во Германија и советување за миграција пред да ја напуштат нивната матична земја. Во Северна Македонија, советувањето за миграција пред влез ќе се спроведува со партнерската организација Македонски Каритас.

ЗАДАЧИ

o Имплементација на проектот „Подготвени и успешни за Германија“ во Северна Македонија во тесна соработка со Diakonie во Германија

o Спроведување групни семинари и индивидуални советувања во контекст на легална миграција во Германија, подготовка за интеграција во Германија во тесна соработка со советувањето во Германија преку Diakonie

o Пренесување на основни знаења за темите виза и престој, германски јазик, работа, признавање на квалификации, образование, социјална сигурност, здравство, интеграција во општеството

o Блиска соработка со другите соработници во проектот, кои се активни во 13 земји

o Вмрежување и соработка со Гете-институтот, други мрежни партнери и со советодавните центри за миграција во Германија

o Учество во организациското управување на проектот, евалуација

Повеќе информации на: www.legal-migration.de, www.ekiba.de/migration 

УСЛОВИ

  • Завршено високо образование за социјална работа, педагогија или слично за работната позиција
  • Одлично познавање на германскиот јазик
  • Знаења за условите за живот на имигрантите во Германија
  • Ако е можно, претходно знаење во областа на миграцијата и интеграцијата и подготвеноста и способноста ова дополнително да се продлабочи
  • Способност да се работи самостојно и на начин ориентиран кон корисниците
  • Доверливост, посветеност на работата, доследност, тимски дух, флексибилност, креативност
  • Сигурна и внимателна обработка на барањата за консултации и административни задачи
  • Солидно корисничко познавање на ИТ (интернет, е-пошта, обработка на текст, Power Point, Excel)
  • Брза перцепција и многу добри социјални и интеркултурни вештини

НУДИМЕ

  • Можност за работа на еден интересен, иновативен проект
  • Вовед и обука, како и совети од целокупниот проектен менаџмент во Германија
  • Учество во обуки; Можности за практикантска работа во други земји од проектот и во Германија
  • Дигитална интеграција во тимот на советници во различни под-проекти во различни земји

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

  • CV 
  • Мотивациско писмо
  • Потврда за завршено образование
  • Потврда за одлично познавање на германскиот јазик

Ве молиме целосно да ги доставите документите во pdf формат.

Во предвид ќе бидат земени само целосните апликации.

Македонски Каритас е посветен на заштита на корисниците и персоналот од експлоатација и злоупотреба. Примениот кандидат е должен да ги потпише и да се придржува до Кодексот на однесување и Политиката за заштита.

Доколку сте заинтересирани Ве молиме документите за апликација да ги испратите на следната електронска адреса: [email protected] со назнака: AMIF-Bewerbung Nordmazedonien

Краен датум за поднесување на апликации: 20.08.2024

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.