Кон главната содржина

Blog

Студиска посета во Виена во рамките на проектот Your Job 07 Окт

Студиска посета во Виена во рамките на проектот Your Job

Во периодот од 30 септември до 4 октомври во рамките на регионалниот проект Your Job II беше организирана студиска посета во Виена – Австрија, на која што учество зеде и тимот од Македонски Каритас, составен од координаторот Спасе Спасов и кариерните советници Верица Ангеловска и Александар Младеновски, покрај претставниците од Каритас Албанија, Каритас Босна и Херцеговина, Каритас Косово, Каритас Црна Гора, Каритас Србија, како и претставници на одредени државни институции.

Целта на посетата беше учесниците да се  запознаат со најдобрите применети пракси во Австрија за интегрирање кон пазарот на трудот, методологијата што се применува и можностите што се нудат од страна на иновативните и „зелените“ компании преку recycling и upcycling процеси, со посебен фокус на активности насочени кон интегрирање на жените на пазарот на трудот и можностите за вработување што ги нуди иновативните и зелени работни места.

Беа посетени повеќе институции и организации, како Австриската агенција за вработување, Фондација Ерсте Банк, Виенскиот универзитет за економија и бизнис, различни НВО организации, како и специфични проекти на Каритас Австрија.