Blog

Претставници на Каритас Болцано во посета на Македонски Каритас 09 Окт

Претставници на Каритас Болцано во посета на Македонски Каритас

На 09 октомври 2024 година, директорот на Македонски Каритас отец Зоран И. Стојанов со дел од тимот на Каритас оствари средба со претставници на Епархискиот Каритас – Болцано, г-ѓа Беатрикс Маирхофер – директор, г-ѓа Сандра Д’Онофрио – одговорна за меѓународна соработка и нејзината соработничка г-ѓа Марион Ротенстеинер.

Во срдечна  атмосфера се разговараше за проектните активности кои Македонски Каритас во рамките на своите можности ги имплементира и ги спроведува на територијата на град Скопје и низ Македонија.

Беше потенцирано задоволството од досегашната соработка со Каритас Болцано, која трае веќе неколку години во континуитет и взаемната подготвеност истата да се продолжи.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.