Кон главната содржина

Blog

Потпишан Мемoрандум за соработка со општина Босилово 15 Окт

Потпишан Мемoрандум за соработка со општина Босилово

На 14 октомври 2024 година, во општина Босилово, директорот на Македонски Каритас отец д-р Зоран И. Стојанов со градоначалникот на општина Босилово, г-дин Ристо Манчев, потпишаа Меморандум за соработка и разбирање за проектот YourJob, кој го спроведува Македонски Каритас.  Со ова се официјализира соработката на Македонски Каритас со општина Босилово за овој проект, кој е наменет за млади и има за цел да ги анимира младите и да им помогне да го изградат својот кариерен пат.

Проектот YourJob е за стручна подготовка на младите луѓе од 15 до 35 години, со цел полесно интегрирање кон пазарот на труд. Исто така, активно се работи и со корисници што се веќе работоспособни и имаат потреба од поддршка за платена пракса и професионална обука.

Проектот е подржан од Реновабис и Каритас Австрија.