Blog

Студиска посета за Инклузија на Ромите 15 Окт

Студиска посета за Инклузија на Ромите

Во периодот од 4 до 9 октомври 2024 година беше организирана Студиска посета за инклузија на Ромите, во Лисабон  – Португалија, на која која што Македонски Каритас беше претставуван од страна на Александар Митаноски, социјален работник. Во студиската посета учестуваа претставници од Каритас Португалија, Каритас Република Чешка, Каритас Унгарија, Каритас Белгија, Каритас Србија и Македонски Каритас. Посетата беше организирана од страна на Каритас Европа, во рамките на работната група за споделување на позитивни локални практики (community practices).  Домаќин на настанот беше Каритас Визеу, во соработка со Каритас Португалија. Оваа студиска посета беше одлична можност за размена на позитивни практики, посета на центри кои обезбедуваат различни сервиси наменети за деца, млади, центри за самохрани родители, дневни центри за стари лица, младински клубови, центри во локалната заедница кои се менаџирани од страна на локалните Каритас организации. Исто така, беа посетени сиромашни семејства кои живеат на периферија и со кои се работи со цел инклузија на најранливите и социјално исклучени категории.

Студиската посета беше одлична можност за споделување на примери за инклузија и во другите земји, развивање на програми и сервиси за инклузија, градење на нови партнерства и можности за идна соработка помеѓу Каритас организациите кои работат во областа на инклузија на Ромите.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.