Blog

Потпишан Меморандум за соработка со СОУ Јане Сандански – Струмица 17 Окт

Потпишан Меморандум за соработка со СОУ Јане Сандански – Струмица

На 15 октомври 2024 година во Струмица, директорот на Македонски Каритас, отец д-р Зоран И. Стојанов, со директорката на СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, г-ѓа Невенка Стојанова, потпишаа Меморандум за соработка и разбирање за проектот YourJob. Директорот на Македонски Каритас беше придружуван од кариерните советници Верица Ангеловска и Александар Младеновски.

Проектот YourJob на Македонски Каритас, ги поддржува младите луѓе на возраст од 15 до 35 години, кои што се невработени или пак имаат потреба од прво работно искуство, со цел побрзо да емигрираат на пазарот на труд.

YourJob проектот е веќе претставен пред учениците во СОУ Јане Сандански, но следуваат уште инфо сесии во следниот период. Беше искажана благодарност до СОУ Јане Сандански за поддршката за проектот YourJob.

Проектот YourJob е подржан од Реновабис и Каритас Австрија.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.