На 16 октомври 2024 година, во просториите на Едукативниот Центар на Македонски Каритас во населено Сарај – општина Босилово, се одржа работилница за родителите чии деца го посетуваат Едукативниот Центар – Сарај.
Работилницата беше на тема „Важноста на образованието за секое дете“, а истата ја водеше м-р Владе Ефтимов, наставник по македонски јазик. Самата работилница предизвика голем интерес од страна на родителите, нешто за што сведочи самото нивно присуство и активното вклучување во плодната дискусија во текот на работилницата. Од страна на предавачот беше елаборирана важноста на образованието во животот на секое дете, како и значењето на книгата и читањето во воспитниот процес на децата, по што следеше и практичен дел предвиден за дискусија и споделување на различни воспитни искуства на родителите и наставниците кои беа присутни на работилницата. Посебен интерес кај родителите предизвикаа и практичните совети и личните искуствени примери кои беа споделени со присутните од страна на предавачот во однос на правилниот начин на воспитување на децата од с. Сарај.
Проектот е подржан од Реновабис.