Македонски Каритас за потребите на проектот YourJob II распишува:
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ТРЕНЕР
За реализација и менторска поддршка во програмата за развој на младинското претприемништво.
- Општи информации
Во рамките на проектот Your Job 2 подршката во развој на претприемништвото на младите е издвоена како посебна компонента. Општа цел на оваа компонента е зајакнување на претприемничките компетенции на младите и поттикнување на развојот на претприемнички иницијативи кои имаат потенцијал на позитивно влијание на самовработувањето на младите и да создадат траен и позитивен социјален, економски и/или еколошки ефект во одржлив начин.
Главниот очекуван резултат од компонентата е зајакнување на младите и нивно вклучување во процесот на бизнис советување/инкубација со цел да започнат сопствен бизнис.
Во таа насока, Македонски Каритас бара експерт – тренер/и кој ќе го води целиот процес на инкубација, вклучително и спроведување на обука, подготовка на сите материјали како и менторска поддршка за млади претприемачи за време на процесот на деловно планирање и поднесување на бизнис планови до Македонски Каритас на разгледување за финансирање .
Број на тренери: |
Вкупно 1 тренер. |
Вид на обука: | Тренингот е наменет за невработени млади лица до 35 годишна возраст, со цел да се зголеми нивната вработливост на пазарот на трудот, преку пренесување на знаење и вештини за ефикасно пишување и спроведување на бизнис план. |
Траење на обуката за бизнис инкубатор: | 3 дена обука и менторска поддршка до 30 часа |
Општи услови: | Тренер – предавачот треба да ги поседува следните квалификации:
● Универзитетска диплома; ● Минимум 5-годишно работно искуство во оваа област; ● Познавање и разбирање на прашањата за невработеност на младите; ● Искуство во реализација на тренингот и обуките на тема развој на претприемачки вештини; ● Искуство поврзано со социјално претприемништво; |
- НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Сите заинтересирани кандидати треба да ги испратат документите што ќе ги пополнат, на оваа e-mail адреса: [email protected] најдоцна до 25.11.2024 година, до 16:00 часот. Пријавата треба да содржи:
- Образец за пријава
- CV на кандидатот
- План за спроведување на обуката
- Финансиска понуда согласно описот на работа и задачата
Кандидатите кои сакаат да аплицираат на јавниот повик се должни да го преземат описот на работа и задачи како и образецот за пријава.
Преземи ги потребните документи:
Повеќе информации за јавниот повик се наоѓа во описот за работа и задачи за реализација на обуката и менторската поддршка во програмата за развој на младинското претприемништво.
За сите дополнителни информации можете да го контактирате Спасе Спасов, емаил: [email protected], Tel. +389 70 216 069
Струмица, 11.11.2024