Кон главната содржина

Blog

ЈАВЕН ПОВИК 18 Дек

ЈАВЕН ПОВИК

 

 

Хуманитарно добротворна фондација МАКЕДОНСКИ КАРИТАС Скопје објавува

ЈАВЕН ПОВИК

За ангажирање на експерт за изработка на документ за јавна политика со цел дефинирање и подобрување на состојбата со бездомништвото во Р.С Македонија во рамки на проектот “ГРИЖИ СЕ 2 (TAKE CARE 2) – Интегрирана социјална и здравствена заштита за ранливото население во Р.С Македонија”.

 

  1. За проектот:

Општата цел на Take Care 2 е да придонесе за обезбедување долгорочни и достоинствени опции за домување за луѓето погодени од сиромаштија и/или луѓе кои се изложени на зголемен ризик од сиромаштија и социјална исклученост поради економската криза во земјата.

Грижи се 2 – се надоврзува на добрите искуства и „научените лекции“ од регионалниот проект Грижи се 1 и опфаќа мобилна правна, здравствена и социјална работа, како и компонента за домување со помошни услуги за домување.

Проектните активности во земјава ги спроведуваат организациите Хуманитарна добротворна фондација Македонски Каритас – Скопје, Здружението за демократски развој на Ромите Сонце – Тетово и Здружение на граѓани за помош на бездомници и социјално загрозени семејства и поединци – Љубезност – Скопје под координација и менаџмент на Каритас Австрија.

Проектот е финансиран од Сојузното Министерство на Република Австрија за социјални работи, здравје, грижа и заштита на потрошувачите.

 

Проектни активности:

 

  • Интегрирани услуги за домување со поддршка за лица во висок ризик од бездомништво.
  • Развивање и зајакнување на основните животни вештини и стекнување работни навики за намалување на ризикот од сиромаштија и бездомништво.
  • Индивидуално менторство и следење за полесен пристап и вклучување на пазарот на труд.
  • Социјални и правни услуги за лица во висок ризик од сиромаштија и социјална исклученост.
  • Основни мобилни здравствени услуги и медицински совети.
  • Финансиска поддршка и помош за добивање лична документација.

Проектна локација: Гостивар, Тетово и Скопје вклучувајќи ги и руралните средини околу овие градови.

 

  1. Број на експерти:

За изработка на документ за јавна политика со цел дефинирање и подобрување на состојбата со бездомништвото во Република Северна Македонија ќе ангажира (1) еден експерт.

 

  1. Специфични задачи на експертот:

Експеротот ќе ги спроведе следниве специфични задачи:

  • Дефинирање на наслов на документот за јавна политика
  • Креирање на концепт за структурата на документот
  • Деск анализа на проблемот со бездомништвото во нашата земја;
  • Анализа на законодавната рамка во која се дефинира и споменува бездомништовто;
  • Истражување на проблемот (интервјуа со лица засегнати од бездомништво и невладини организации кои работат во областа на бездомништвото);
  • Компаративни искуства од регионот и пошироко;
  • Сумирање на заклучоци и препораки;
  • Презентација на изготвениот документ за јавна политика

 

  1. Главна цел:

Експертот кој/а ќе биде избран/а ќе подготви документ за јавна политика кој ќе ги опфати сите горе наведени области од точка 3 и ќе сумира конкретни заклучоци и препораки. Истиот понатаму ќе биде соодветно адресиран до надлежните институции со цел подобрување на состојбата со бездомништвото.

 

  1. Известување:

Експертот ќе изготви документ за јавна политика до Проектниот менаџер и ќе го презентира документот со препораки за подобрување на сотојбата со бездомништвото во Македнија на завршната конференција во рамките на проектот Грижи се 2.

 

  1. Квалификации и искуство

Експертот потребно е да ги има следниве квалификации и искуство:

  • Минимум три (3) години релевантно работно искуство;
  • Добро познавање на македонското законодавство (со посебен фокус на законодавството за социјална заштита),
  • Одлични вештини за анализа и пишување (за предност ќе се смета претходна работа на најмалку 2 анализи/документи од областа на социјалната заштита).
  • Компјутерска писменост и компетентност, Microsoft Word, Excel, Access, PowerPoint;
  • Докажана способност за работа и интеракција со луѓе од различно, професионално, социјално и културно потекло;

 

  1. Останати барања:
  • Одлични вештини за планирање, организирање и пишување;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Сигурна и одговорна личност со капацитет за работа под професионални услови.
  1. Начин на плаќање
  • Начинот на плаќање ќе биде дефиниран со договор.

 

  1. Начин на аплицирање за јавниот повик:
  • Кратка биографија (CV)
  • Предлог краток концепт за документот за јавна политика
  • Пример од еден претходно изготвен документ за јавна политика

 

  1. Процедура за поднесување на пријави

Пријавите треба да се базираат врз основа на Описот на задачи, и притоа да ги содржат документите од точка 9. Истите да бидат испратени на e-mail адреса: [email protected] и [email protected] , со рок до 27.12.2024 година, 16:00 часот.