На 23 декември 2024 година, во просториите на Едукативниот Центар на Македонски Каритас во населено место Сарај (општина Босилово) се одржа работилница за родители, чии деца го посетуваат Едукативниот Центар – Сарај.
Работилницата беше на тема „Влијание на медиуми и борба со лажни вести“, а истата ја водеше новинарот г-дин Кирил Стојанов. Самата работилница предизвика голем интерес од страна на родителите, нешто за што сведочи самото нивно присуство и активното вклучување во плодната дискусија во текот на работилницата. Од страна на предавачот беше ставен акцент на креирањето на вестите и препознавањето на лажните вести. Посебен интерес кај родителите предизвикаа практичните совети од стручното лице, со цел полесно детектирање на лажната вест, пред сѐ на социјалните медиуми, како медиуми кои и најчесто ги користат самите родители.
Од страна на самите родители беше изразена благодарност до Македонски Каритас за организацијата на ваков тип на работилници.
Проектните активности се подржани од Реновабис Германија.