Во просториите на Струмичко – скопската епархија во Скопје на 19 ноември 2025, беше одржана четвртата редовна седница на Управниот одбор на Хуманитарно добротворната фондација МАКЕДОНСКИ КАРИТАС – Скопје.
Седницата се одржа во полн состав со следните точки:
- Усвојување на Записникот од третата редовна Седницата.
- Извештај на директорот о. д-р Зоран И. Стојанов за тековните проектни активности.
- Претставување на идните планирани активности и проекти на Македонски Каритас 2025 – 2026 година.
- Разгледување на можноста за отварање на подружници на Каритас во југоисточниот дел на Македонија.
- Учество на Парохиските Каритаси во активностите на Македонски Каритас: – собирање и делење помош на сиромашните; заеднички програми за младите; соработка во организирањето на Денот на Каритас и Божиќниот саем.
- Разно
Седницата заврши со архиерејски благослов на Н.В.П. д-р Киро Стојанов.
