Blog

Директорот на Македонски Каритас присуствуваше на одбележувањето на 30 години Каритас Босна и Херцеговина 17 Дек

Директорот на Македонски Каритас присуствуваше на одбележувањето на 30 години Каритас Босна и Херцеговина

Директорот на Македонски Каритас, отец Зоран И. Стојанов присуствуваше на свеченото одбележување на Неделата на Каритас и 30-годишнината од делувањето на Каритас Босна и Херцеговина, кое се одржа на 14 декември 2025 година во Сараево.
Прославата започна со благодарствено евхаристиско славење во катедралата Срце Исусово во Сараево.
Свеченото мисно славење го предводеше претседателот на Каритас Босна и Херцеговина, монс. Тома Вукшиќ, надбискуп метрополит врхбосански и апостолски управител на Воениот ординаријат во БиХ. Во сослужение заедно со монс. Петар Палиќ, претседател на Надзорниот совет на Каритас БиХ, бискуп мостарско-дувањски и апостолски управител на требињско-мрканската бискупија; монс. Боже Радош, претседател на Хрватски Каритас и бискуп вараждински; монс. Румен Станев, претседател на Каритас Бугарија и помошен бискуп на Софиско-пловдивската бискупија; монс. Жељко Мајиќ, бискуп бањалучки; како и фра Здравко Дадиќ, провинцијал на Фрањевската провинција Босна Сребрена, заедно со бројни други свештеници.
По мисното славење, прославата продолжи со свечена академија во Свештеничкиот дом на Врхбосанската надбискупија во Сараево, на која присуствуваа околу 150 гости од Босна и Херцеговина, Македонија, Бугарија, Австрија, Хрватска, Италија и Словенија, што уште еднаш ја потврди силната меѓународна поврзаност на Каритас мрежата.
Прославата по повод одбележувањето на 30 годишнината заврши со доделување на признанија и благодарност за сите оние кои учестувуваа во формирањето, развојот и делувањето на Босански Каритас.
Македонски Каритас по овој повод упати искрени честитки до Каритас Босна и Херцеговина за големиот јубилеј – 30 години посветена служба, солидарност и грижа за најранливите, со желба и надеж за уште многу години успешно и благословено делување и заедничка соработка.
  
 
  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.