Blog

Божикен саем 2025 на Македонски Каритас 22 Дек

Божикен саем 2025 на Македонски Каритас

Во неделата на 21 декември 2025 година, Македонски Каритас во дворот на катедралната црква Пресвето Срце Исусово во Скопје, го организираше традиционалниот Божиќен саем.
Божикниот саем е со хуманитарен карактер, беше подржан од неколку парохиски каритаси, амбасади, граѓански здруженија, компании и од голем број верници.
На саемот можеа да се вкусат разни специјалитети, да се купат традиционални божиќни колачи и пригодни подароци за претстојните празници.
Целиот приход е наменет за сиромашни лица, кои се во потреба и на кои Каритас им помага.
Македонски Каритас изразува благодарност до сите кои на било кој начин го дадоа својот придонес во реализацијата на Божиќниот саем 2025.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.