Blog

Потпишани Меморандуми за соработка и разбирање 20 Фев

Потпишани Меморандуми за соработка и разбирање

На 20 февруари 2026 година, во Едукативниот центар – Сарај (општина Босилово) беа потпишани Меморандуми за соработка и разбирање помеѓу Македонски Каритас и Основните општински училишта Гоце Делчев – Босилово и Герас Цунев – Просениково.
Во име на Македонски Каритас, Меморандумите ги потпиша директорот отец д-р Зоран И. Стојанов, а во име на училиштата Меморандумите ги потпишаа директорите, г-дин Стево Божинов и г-дин Ванчо Манолев.
На средбата беше истакнато задоволството, како и успесите од досегашната соработка, а воедно беа разгледани и можностите за идните заеднички активности.
 
 
 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.