Во рамки на проектот CORDIAL – Создавање Можности Регионално за Акции и Законодавство за Инклузија на Лица со Попреченост, ве покануваме да аплицирате за учество на студиска посета во: Белград, Србија 20–23 април 2026 година.
Проектот е координиран од Каритас Србија, со партнерите од регионот: Каритас БиХ, Каритас Косово, Македонски Каритас, Каритас Црна Гора, Унија на организации на лица со попреченост на БиХ, Центар за младински активизам КРИК, Форум младих са инвалидитетом (YDF) и поддршка од Caritas Italiana.
Тема на студиската посета: Правото на работа и вработување на лица со попреченост во Србија, со посебен фокус на лица со ментална попреченост
Оваа студиска посета е намена за практично учење, размена на знаења и градење регионална соработка во областа на инклузивното вработување. Обезбедувањето еднаков пристап до пазарот на труд за лицата со попреченост претставува клучен аспект на социјалната инклузија, заштитата на човековите права и одржливиот економски развој.
Студиската посета ќе овозможи учесниците да стекнат сеопфатно разбирање за актуелната состојба во областа на вработувањето на лица со попреченост во Србија, преку:
- Средби со јавни институции надлежни за политики и мерки за вработување
- Посети на работодавачи и социјални претпријатија
- Запознавање со организации на лица со попреченост
- Презентација на модели за поддржано вработување и професионална рехабилитација
- Примери на инклузивно вработување на заштитениот и отворениот пазар на труд
(Детална агенда и програма ќе биде споделена со избраните ученсици)
Кој може да аплицира?
Апликацијата е отворена за:
- Претставници на граѓански организации
- Активисти и волонтери кои работат за правата на лица со попреченост
- Претставници на организации на лица со попреченост
- Професионалци во областа на социјална инклузија
- Други заинтересирани лица кои работат или студираат релевантни теми
Пријава за учество
За да се пријавите за студиската посета, пополнете го следниот формулар:
Пријавете се на следниот линк:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfC8JzWGQ0JkIMXhObcLf2aBvmk9VtRnc-3k9tAkagG-9tQwQ/viewform?pli=1
Рок на пријавуавње: До 5 март 2026 до 14:00h.
Ве охрабруваме да аплицирате и да бидете дел од оваа важна иницијатива за инклузија и социјална промена!
