На свечената седница одржана на 9 април 2026 година, по повод Денот на општина Босилово, градоначалникот Ристо Манчев додели плакета на Македонски Каритас.
Признанието е во знак на благодарност за хуманитарното делување, посветеноста и значајниот придонес што Македонски Каритас го дава во заедницата, преку реализација на бројни проекти на територијата на општината.
Градоначалникот Манчев во своето обраќање ја истакна важноста на активностите на Каритас, нагласувајќи дека нивната работа има директно влијание врз подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
Претставниците на Македонски Каритас изразија благодарност во име на директорот и сите вработени за доделената плакета, потенцирајќи дека ова признание претставува дополнителен мотив за продолжување на нивната мисија.
Тие ја нагласија одличната соработка со општина Босилово и изразија подготвеност за продлабочување на истата со цел реализација на нови проекти во интерес на граѓаните.
Македонски Каритас на градоначалникот Манчев и сите вработени во општина Босилово им го честита Денот на општината.

