Кон главната содржина

Поддршка за најсиромашните во Македонија со директна помош

Информации за проектот

Носител
Македонски Каритас
Финансиран од
Хрватски Каритас
Статус
Завршен проект

Проект на Македонски Каритас, финансиран од Хрватски Каритас

Македонски Каритас го реализираше проектот „Поддршка за најсиромашните во Македонија со директна помош“, финансиран од Хрватски Каритас. Проектот се спроведуваше во два периода: од 15 февруари до 31 мај 2023 година и од 1 април 2024 до 31 март 2025 година.

Проектот беше осмислен како одговор на зголемените здравствени и социјални потреби по пандемијата со Ковид-19. Поддршката беше насочена кон стари, болни и осамени лица, како и кон лица што живеат во сиромаштија и во несоодветни услови.

Поддршка на терен

Тимот на Македонски Каритас работеше директно со корисниците преку домашни посети и редовни контакти. При посетите се обезбедуваа разговор, психосоцијална поддршка и практична помош во секојдневните активности, вклучувајќи чистење, приготвување храна и набавка на лекови.

Во согласност со индивидуалните потреби, на социјално загрозените стари и болни лица им се обезбедуваа храна, хигиенски пакети и лекови. На овој начин, проектот придонесе за олеснување на секојдневниот живот и за намалување на чувството на осаменост и изолираност.

Поширока општествена поддршка

Покрај директната помош, проектот имаше цел да ја подигне јавната свест за предизвиците со кои се соочуваат старите и болните лица што живеат во сиромаштија. Посебно внимание беше посветено на поттикнување солидарност и грижа меѓу младите лекари и другиот медицински персонал.

Цел на проектот

Главната цел беше подобрување на условите за живот и благосостојбата на старите, болните, осамените и социјално загрозените лица, зачувување на нивното ментално здравје и обезбедување конкретна помош во нивните домови.