Кон главната содржина

Blog

Мониторинг и менторска поддршка за партнерските организации во рамки на проектот CORDIAL 16 Окт

Мониторинг и менторска поддршка за партнерските организации во рамки на проектот CORDIAL

На 13 и 14 октомври 2026 година, Македонски Каритас реализираше мониторинг и менторски посети кај четири партнерски организации во рамки на проектот CORDIAL.

Посетите ги опфатија суб грантираните организациите:  „Порака Неготино“ – Волково,  „Ластовица“ – Скопје,  „Во мојот свет“ – Скопје, и  „Отворете ги прозорците“ – Скопје Во текот на посетите, организациите имаа можност да работат на своите организациски планови, како и на стандардите што ги избрале во процесот на менторирање.

Организациите добиваат континуирана менторска поддршка од експерт на Caritas Italiana, со цел унапредување на нивните организациски капацитети, развој на интерните процеси и подобрување на квалитетот на услугите што ги обезбедуваат.

Преку размена на искуства, заедничка работа и стручна поддршка, проектот CORDIAL придонесува кон одржлив развој на организациите и градење поинклузивно општество.