Кон главната содржина

Blog

Mакедонски Каритас учествуваше на обуката „Надвор од бариерите“ 21 Окт

Mакедонски Каритас учествуваше на обуката „Надвор од бариерите“

Mакедонски Каритас учествуваше на обуката „Надвор од бариерите“, организирана на покана на Националниот координатор за следење на Стратегијата за Ромите, во соработка со НВО Ромалитико.

Обуката беше одлична можност за размена на искуства и знаења, како и за подетално запознавање со антициганизмот, неговите форми и влијанието врз ромската заедница.
Заеднички со останатите институции, организации, петставници на министерства и други тела кои работат во областа на инклузија на Ромите разговаравме за начините на препознавање и спречување на предрасудите, стереотипите и дискриминацијата.
Македонски Каритас во соработка со институциите и невладините организации останува посветен на градењето праведно, инклузивно и еднакво општество, со еднаков пристап до права, услуги и можности за сите.