По повод одбележувањето на Светскиот ден на мултиплa склероза 30 мај, Националното здружение за МС организираше настан во Europe House Skopje на кој присуствуваше и Македонски Каритас.
Настанот беше посветен за подигање на свеста за лицата кои живеат со мултипла склероза, беа споделени лични животни приказни, искуства како и на потребата од поголема поддршка, инклузија и разбирање во општеството.
Македонски Каритас во соработка со Хрватски Каритас веќе трета година спроведува проект насочен кон поддршка и подобрување на квалитетот на животот на лицата со мултипла склероза и церебрална парализа. Македонски Каритас верува дека во иднина покрај помошта од Хрватски Критас ќе има подршка и од други добродетели, настојувајќи да продолжи да работи во духот на пружање потребна можност на сите, насловено како: – „Преку заедничките активности продолжуваме да работиме на зајакнување на солидарноста, психосоцијалната поддршка и создавање подобри услови во секојдневниот живот на лицата со МС“.
