Blog

Eдукативна работилница за родители “Комуникација со деца” 07 Ное

Eдукативна работилница за родители “Комуникација со деца”

На 04.11.2022 во Едукативниот Центар на Македонски Каритас во Шуто Оризари се одржа едукативна работилница за родители на тема “Комуникација со деца”. Работилницата ја реализираше психологот М. Цветановска, при што низ дискусија, споделување на мислења, искуства и стручни совети родителите имаа можност директно да разговараат и да се советуваат со стручно лице во контекст на зајакнување на комуникацијата помеѓу родителите и децата. Комуникацијата како двонасочен процес помеѓу родители-деца е важна со цел потикнување на правилен раст и развој на децата, како и создавање на безбедна средина. Активноста се спроведува во рамките на проектот “Грижи се”.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.