На 21 октомври 2026 година, новиот парох во Скопје дон Карол Томашевски го посети Македонски Каритас.
Директорот на Македонски Каритас, отец Зоран И. Стојанов, го запозна со работата и активностите на Каритас, како и со неговото делување во служба на луѓето на кои им е потребна помош и поддршка.
Парохот беше во придружба на с. Наталија и с. Роберта, долгогодишни соработнички на Македонски Каритас.
Средбата беше можност за меѓусебно запознавање и споделување на досегашните активности во духот на христијанската љубов, солидарност и грижа за ближниот.
На крајот од средбата, директорот отец Зоран И. Стојанов му подари скромен подарок на новиот парох во Скопје, дон Карол Томашевски, во знак на внимание и добредојде.

