Blog

Во Дојран се одржа третиот модул од обуката за општинскиот персонал во организација на Македонски Каритас 10 Јул

Во Дојран се одржа третиот модул од обуката за општинскиот персонал во организација на Македонски Каритас

Во простории обезбедени од општина Дојран, во четврток 9 јули 2026 година, во организација на Македонски Каритас се одржа третиот модул од обуката за претставници на општините од Југоисточниот регион, на тема „Одржливо земјоделство и локални системи за храна“, а ја одржаа претставници од „Зелена органска Република“ од Скопје.
За време на обуката на присутните им се обрати директорот на Македонски Каритас о. д-р Зоран И. Стојанов.
Целта на обуката е зајакнување на капацитетите на општините за поддршка на одржливо земјоделие, локално производство на храна и климатски отпорни праткитки преку соработка со земјоделците, институциите и локалната заедница.
По воведниот дел, на обуката се зборуваше за предизвиците на локалното земјоделство во услови на климатски промени, одржливо користење на природните ресурси, практики зa одржливо земјоделство, улогата на општините во развојот на локалните системи за храна, а беше прдиружена со практична работа за изработка на акциски план.
Проектот „Вклучување на жените во подобрување на услугите за достапност до чиста вода и санитација и зајакнување на отпорност на климатските промени во Македонија“ го реализира Македонски Каритас, со финансиска поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Словенија и Каритас Словенија.

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.