Blog

Одржана работилница за родители во Сарај 20 Мај

Одржана работилница за родители во Сарај

Како резултат на одличната соработка на Македонски Каритас и ООУ „Герас Цунев“ – Просениково, на 19 маj во просториите на Едукативниот Центар на Македонски Каритас во населено место Сарај (општина Босилово), се одржа работилница за родителите чии деца го посетуваат Едукативниот Центар во Сарај од областа на позитивното родителство.

Работилницата беше на тема „Семејството како безбедна средина за правилен развој на детето“, а истата ја водеше Мила Делева – психолог во ООУ „Герас Цунев“ – Просениково. На работилницата од страна на психологот беа објаснети повеќе термини од областа на позитивното родителство како што се: препознавање на семејното насилство и  влијанието на истото врз психичкиот развој на детето, девијантно однесување и причините за девијантно однесување, како и значењето на самото позитивно родителство. По запознавањето со одредените тематики следуваше и дискусија меѓу родителите и психологот. Дискусии кои резултираа со совети, кои би им биле корисни на самите родители во иднина при воспитувањето на нивните деца. Самата работилница предизвика голем интерес од страна на родителите.

   

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.