Blog

Директорот на Македонски Каритас оствари средба со претставникот на Реновабис 12 Мај

Директорот на Македонски Каритас оствари средба со претставникот на Реновабис

На 11 мај 2026 година, директорот на Македонски Каритас отец Зоран И. Стојанов, оствари работна средба со г-дин Мартин Ленц, раководителот на одделот за проекти во Реновабис – Германија.

На работната средба која се одржа во просториите на Каритас директорот отец Зоран изрази благодарност и задоволство на повеќегодишната соработка помеѓу Македонски Каритас и Реновабис, запознавајќи го детално претставникот на Реновабис со тековните проекти на Каритас кои се реализираат на различни полиња, a стана збор и за идните планови на Каритас на полето на социјално делување.

Господинот Ленц се заблагодари за добриот партнерски однос помеѓу двете добротворни организации на Католичката црква, во реализацијата на различни проекти за доброто на луѓето во потреба.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.