Blog

Средба со Аташето на Сојузното министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија 17 Апр

Средба со Аташето на Сојузното министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија

На 17 април 2024 година, директорот на Македонски Каритас, отец Зоран И. Стојанов, оствари средба со Аташето на Сојузното министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија во Македонија, г-дин Харалд Фугер. На средбата присуствуваше и регионалниот програмски менаџер на Каритас Австрија г-дин Тобиас Ноелке, како и координаторот на Македонски Каритас Спасе Спасов.

Директорот Стојанов искажа благодарност до г-дин Фугер, за подршката од страна на горенаведеното австриско министерство за подршката на проектот Take care II. Австрискиот аташе оствари повеќе средби со клучни чинители и засегнати страни во имплементацијата на проектот. Воедно тој исто така имаше можност да разговара и со корисници, како би можел одблиску да се запознае со ситуацијата на теренот и предизвиците со кои се соочуваат корисниците.

Директорот на Македонски Каритас се заблагодари и на одличната соработка со Каритас Австрија во имплементацијата на проектите  Take care II и YourJob II. Воедно се разговараше и за идните планирани чекори на овие две сестрински Каритас организации.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.