Blog

Одржани работилници за родители 01 Ное

Одржани работилници за родители

На 27 и 31 октомври 2022 година во Едукативниот Центар на Македонски Каритас во с. Сарај (општина Босилово), се организираа работилници за родителите чии деца секојдневно го посетуваат Центарот, на тема „Позитивно родителство“. Работилниците беа интерактивни и имаа за цел да го поттикнат позитивното, одговорно родителство како и комуникацијата со децата и родителите преку запознавање со принципите на позитивното родителство и нивната примена во воспитувањето. Се разви плодна дискусија, размена на искуства, споделување практични примери, совети и предизвици при воспитувањето и грижата за децата. Работилниците ги водеше психологот Марија Димитриева.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.