На 6 март 2026 година, во просториите на Македонски Каритас во Скопје, се одржа средба на вработените во Каритас со директорот отец Зоран И. Стојанов.
Средбата се одвиваше со следниот распоред:
1. Од 10 до 11 часот можност поединечно да се разговара со oтец Зоран.
2. Во салата на Каритас, поединечно со вработените од различните проекти на тема – Каритас во очите на вработените.
11,00 – средба со вработените во Центарот за лица со попреченост „Мајка Тереза Гевгелија“
11,45 – со вработените од проектот: „Вклучување на жените во зајакнување на услугите за вода и санитација и отпорност на климатски промени во Македонија“
12,25 – со вработените од проектот: Едукативен центар Сарај.
3. Во капелата на Каритас:
13.00 – Ангел Господов и предавање на oтец Тони Ангелов, парох во Штип, на тема: Каритас – Љубов е хуманитарна организација на Католичката Црква.
4. Од 13,30 до 14,30 часот во салата на Каритас – поздравен говор на отец Зоран; мал коктел и дружење
5. После заедничкото дружење и коктелот следуваа попладневните работни средби на координаторите на проектите со Отец Зоран:
– На проектот Амиф – Подготвени и успешени во Германија.
– На проектот – Центар Мајка Тереза во Гевгелија.
– На проектот Едукативен центар на Македонски Каритас во Шуто Оризари.
– И на крајот со целиот тим од проектот – „За отпорност на климатски промени во Македонија“, за почетните приоритети на проектот и изработка на работен план за сите почетни активности на овој проект пред да бидат представени на иституциите на општините во југоисточна Македонија.
По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, директорот о. Зоран И. Стојанов им подели симболични подароци на вработените како знак на внимание и благодарност по тој повод.





