На 17 април 2024 година, директорот на Македонски Каритас, отец Зоран И. Стојанов, оствари средба со Аташето на Сојузното министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија во Македонија, г-дин Харалд Фугер. На средбата присуствуваше и регионалниот програмски менаџер на Каритас Австрија г-дин Тобиас Ноелке, како и координаторот на Македонски Каритас Спасе Спасов.
Директорот Стојанов искажа благодарност до г-дин Фугер, за подршката од страна на горенаведеното австриско министерство за подршката на проектот Take care II. Австрискиот аташе оствари повеќе средби со клучни чинители и засегнати страни во имплементацијата на проектот. Воедно тој исто така имаше можност да разговара и со корисници, како би можел одблиску да се запознае со ситуацијата на теренот и предизвиците со кои се соочуваат корисниците.
Директорот на Македонски Каритас се заблагодари и на одличната соработка со Каритас Австрија во имплементацијата на проектите Take care II и YourJob II. Воедно се разговараше и за идните планирани чекори на овие две сестрински Каритас организации.