Blog

Повик за мали грантови 02 Јун

Повик за мали грантови

Македонски Каритас и Центар за младински активизам КРИК, во рамките на проектот КОРДИАЛ – Инклузија без граници, финансиран од Европската Унија, објавуваат повик за мали грантови за организации на граѓанското општество од Македонија.

 

Цел на повикот:

Поддршка на локалните граѓански организации кои работат со и за лицата со попреченост, во:

1) развој на јавни политики и/или локални кампањи за застапување и

2) економска или социјална инклузија на лицата со попреченост преку развој на услуги базирани во заедницата.

 

Кој може да аплицира?

Непрофитни граѓански организации регистрирани во Македонија кои работат со или за лицата со попреченост.

 

Колку долго трае проектот?

Од 12 до 18 месеци.

 

Колку е грантот?

Максимум 11.500 евра по проект.

 

Грантовите ќе поддржат специфични активности кои одговараат на потребите на лицата со попреченост, како што се:

  • развој на интегрирани услуги во заедницата,
  • активности што генерираат приход,
  • кампањи за подигање на јавната свест,
  • застапување за измена на постојното и/или усвојување на ново законодавство во согласност со стандардите на ЕУ,
  • промовирање на спроведувањето на усвоените закони и прописи,
  • мрежно поврзување и градење коалиции,
  • градење капацитети и активности за размена на искуства/знаења,
  • организирање конференции, тркалезни маси, работилници и семинари.

 

📥 Можете да преземете детални упатства од овој линк CORDIAL Подгрантирање – Повик за предлози – Водич mk, а можете да ги преземете и документите за поднесување на предлози на следните линкови:

  1. CORDIAL Образец за апликација А mk
  2. CORDIAL Образец за апликација Б мк
  3. CORDIAL Буџет мк
  4. CORDIAL Декларација на подносителот mk
  5. CORDIAL Изјава од партнер mk

 

📅 Рок за поднесување на предлози за проекти: 30 јуни 2025 година

 

Информативна сесија за под-грантот ќе се одржи преку платформата Zoom, во понеделник, 9 јуни, во 10 часот. До информативната сесија може да се пристапи преку следниот линк: https://us02web.zoom.us/j/89916114028?pwd=X5Ag4xMEOGVIZ2mIYORzAs8TnjtQMK.1

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.