Blog

Реализирана Студиска посета во Загреб – Хрватска 23 Мај

Реализирана Студиска посета во Загреб – Хрватска

Во периодот од 18 до 20 мај 2026 година, персоналот на Македонски Каритас од Центар Мајка Тереза – Гевгелија, беше на Студиска посета во Загреб – Хрватска. Домаќин на Студиската посета беше Каритас на Загрепската надбискупија. Целта на посетата беше размена на искуства со колеги од регионот, како и стекнување на нови знаења кои можат да бидат применети во Македонија. За време на Студиската посета беа посетени 4 центри. И тоа: Центар за нудење услуги во заедницата Мали Дом Загреб, Центар за рехабилитација Загреб – подружница Слобоштина, Каритасова куќа за сместување на деца и младинци со телесни и интелектуални попречености Блажени Алојзие Степинац – Брезовица и Куќа за млади “Да имаат живот“.

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.