Во четврток, 28 мај 2026 година, во Гевгелија се одржа првиот модул од обуката во рамки на проектот на Македонски Каритас „Вклучување на жените во подобрување на услугите за достапност до чиста вода и санитација и зајакнување на отпорност на климатските промени во Македонија,“ на која учествуваа преставници општините Богданци, Босилово, Валандово, Гевгелија, Дојран, Нова Село и Струмица. Обуката, на тема „Управување со одводни канали, санитација и климатски ризици“ ја водеа обучувачи од „Зелена органска Република“ – Скопје.
Учесниците на интерактивна работилница зборуваа за кртитичните точки, планови и процедури за одржување, координација со соседните општини, идентификација на ризици.
Проектот „Вклучување на жените во подобрување на услугите за достапност до чиста вода и санитација и зајакнување на отпорност на климатските промени во Македонија,“ е финансиран од Владата на Република Словенија, Министерството за надворешни и европски работи и Каритас Словенија, а го реализира Македонски Каритас во соработка со општините.







