На 8 јули 2026 година, при теренска посета, тимот на Македонски Каритас донираше електричен шпорет на сиромашно семејство, корисници на проектот „Советувалиште за повратници“.
Македонски Каритас, согласно утврдените потреби и своите можности, континуирано им пружа поддршка на најранливите категории граѓани, настојувајќи навремено да одговори на нивните основни животни потреби и да придонесе за подобрување на нивниот квалитет на живот.

